Малопродажните цени на бензините поевтинуваат за 4,5 денари, додека цената на дизелот се намалува за 3,5 денари. Одлуката на регулаторната комисија стапува во сила од ноќеска на полноќ.
Според одлуката на регулаторите, од полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 78 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 79,5 денари за еден литар. Цената на дизел-горивото, пак, ќе изнесува 67 денари. Од ноќеска повтинува и екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кое ќе се продава за 55,5 денари за литар. Ова е најголемо поевтинување на цената на горивата во изминатиот период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


