1. За првите 15 години работа на казината ширум САД, забележан е огромен пораст на стапката на криминалот и насилството за дури 199%.
2. Дури две третини од зависници од коцка одлучиле да започнат со криминални дејствија се со цел да ги задоволат своите грди навики и да го финансираат своето уживање во овој страшен порок.
3. Секое казино е направено и организирано така да потсетува на голем лавиринт во кој лесно можете да се изгубите, што значи дека доколку подолго останете, повеќе пари и ќе потрошите.
4. Бесплатните пијалоци имаат функција да ве напијат, се со цел нерационално да ги трошите своите пари.
5. Бесплатните оброци и картите за разни настани имаат улога да ве задржат што подолго во просториите на огромните казина се со цел да се коцкате што подолго.
6. Купатилата и храната воглавно се скриени во подземјето на казината се со цел да ве спречи во идејата да побегнете одовде.
7. Светлата во казината се осмислени така да потсетуваат на вашата дневна соба, се со цел да имате чувство на хармонија и комфор.
8.Во ваквите објекти нема прозорци ниту часовници, се со цел посетителите да немаат чувство за времето поминато во играње.
9. Многу коцкари ги следат претходните резултати се со цел да ги зголемат шансите за своите идни добивки, иако тоа е една голема заблуда, бидејќи навистина нема правила ниту пак систем кој може да ви помогне.
10. Тоа што добро ја препознавате играта која ја играте не значи дека ќе ви се посреќи, бидејќи шансите ви се исти како на оние кои не знаат ништо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.