Поранешниот напаѓач на Рома, Жервињо раскажа интересни детали од првиот месец од неговиот престој во Кина.
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска стана нов член на Хебеј Жундзи и многу брзо го потврди својот статус на мега ѕвезда во кинескиот фудбал. Сепак, она што се случува таму, не му се верува дури ни нему.
– Никој не би одбил плата каква што јас добивам во моментов. Таква сума не би добил ни во Реал Мадрид, ни во најбогатите клубови од Премиер лигата и притоа не треба да плаќам данок. Тука премијата за постигнат гол може да стигне и 150 илјади евра, а за победа околу 800 илјади, па можеби и еден милион – изјави Жервињо.
За каква ситуација се работи во моментов во Кина најдобро зборува вчерашната информација дека Владата на оваа држава му понудила на Златан Ибрахимовиќ трансфер во кој сака тамошен клуб за плата од 75 милиони евра годишно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Кина најпосакувана туристичка дестинација во наредното десетлетие