Жител на дел од Брисел кој се смета за легло на џихадистите изјави дека во џамиите јавно се повикувало на заминување во Сирија за надомест од пет илјади евра.
Мухамед Омер вели дека како жител на Моленбек не е изненаден од терористичките напади во Брисел во кои настрадаа триесетина лица.
– Сите знаевме дека е прашање на ден кога ќе дојде до ова. Кога дојдов во Белгија во предградието Моленбек сите го викаа мал Манчестер, бидејќи имаша многу богати луѓе кои живееја тука. Беше и индустриски центар. Знаете денес како го викаат: Европска Рака. Ако е Рака главен центар на Исламската држава во Сирија, во Европа тоа е Моленбек – изјави Омер.
Според неговите зборови неверојатно е колку белгиската полиција го толерирала делувањето на терористичката група која за време на молитвата во петокот, во две џамии повикувала на заминување на џихад во Сирија, нудејќи му секому по пет илјади евра и згрижување на семејството.
– Тоа беше голема мамка за жителите на тоа предградие, бидејќи Моленбек е едно од најсиромашните подрачка во Белгија. Стапката на невработеност е околу 40 отсто, а четвртина од жителите немаат белгиско државјанство. Тука има околу 150 илјади Сиријци кои неодамна стигнаа без никакви документи и приходи. Понудите кои ги нудат имамите во џамиите се повеќе од добредојдени за тие жители кои немаат никаков избор освен да се занимаваат со криминал или со џихад – изјави Омер.
Тој се присетува на настани од пред четири години.
– По молитвата во петокот и проповедите на имамот еден Тунижанец отиде по сабјата и канистер со бензин и тргна да се одмаздува со христијаните. Искрши неколку излози на продавници чии сопственици се христијани, мавташе со сабјата пред шиитската џамија а потоа ја запали. Загинаа три лица, меѓу кои и имамот. Иако напаѓачот беше уапсен, до денес тој не беше осуден – заклучува Омер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст