| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто Кастро ја одби прегратката на Обама?

Претседателот на Куба, Раул Кастро на крајот од заедничката конференција за новинари не дозволи американскиот претседател Барак Обама да го прегрне.

Кастро го фати за рака и му ја подигна над главата, а со таа постапка, како што толкуваат стручњаците, ја покажал својата независност и неспорен суверенитет на државата на чиешто чело е.

 

Стучњаците истакнуваат дека тоа не е мал, занемарлив инцидент поради недоразбирање, туку важен показател на фактите дека Кастро нема намера да му се додворува на Обама или да се става во подредена позиција во билатералните контакти. Со тоа, тој прикажа јавен отпор на американскиот колега и јасно му порача дека не сака да игра по американски правила.

Иако Обама по инцидентот се обидувал пред новинарите да остави впечаток како ништо дека не се случило, фотографиите и видеоснимките на кои Кастро ја турка раката на американскиот претседател се вистински хит на социјалните мрежи, но и една од главните теми во американските медиуми.

Според верзијата на американскиот „Еј-Би-Си“, кубанскиот претседател ја подигнал раката на Обама за да покаже стегната тупаница, еден од симболите на кубанската револуција. Но, Обама остави отворена дланка и прсти свртени кон подот, па стручњаците велат дека таквото толкување е малку веројатно.
Посетата на Обама се толкува како отворање на ново поглавје во односите на двете земји по повеќедеценискиот анимозитет меѓу поранешните противници од Студената војна.

Иако администрацијата на Обама се обидува овој настан да го претстави како херојско достигнување, стучњаците истакнуваат дека тоа не е ништо друго освен исправање на глупостите од минатото.

Без посебен ентизијазам се и некои американски политичари. Тие забележале дека на аеродромот американската делегација била пречекана од министерот за надворешни работи на Куба, а не од Раул Кастро лично, иако тој претходно лично ги пречекал рускиот патријарх Кирил и римскиот папа Франциск.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top