
Германскиот шампион Кил успеа да ја анулира негативата од првиот осминафинален натпревар против Пик Сегед и на домашен терен со победа од седум гола разлика (36-29) да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Иако нападот на „зебрите“ функционираше беспрекорно што се доказ 36.гола, најзаслужен за победа е данскиот голман Никлас Ландин кој успеа да фати 14 удари кон неговиот гол.
По израмнетата игра во првите десетина минути, Кил успеа да се одлепи и да поведе со 11-7. Унгарците се вратија приближувајќи се на 12-11, но „зебрите“ сепак заминаа на одмор со позитива од 18-14, со головите на Канелјас (два) и на Дисингер во завршницата од полувремето. Предноста од четири гола се одржуваше до десет минути до крајот, кога Ландин со неколку интервенции во низа му овозможи на својот тим уште повеќе да ја зголеми позитивата (серија од 4-0 од 51. до 56. минута) и да ги разреши сите дилеми околу патникот во четвртфиналето.
Данскиот голман со 14 успешни одбрани беше најзаслужен за победата, додека во нападот Вујин беше најпрецизен со девет гола, пред Екберг со седум и Дисингер со пет погодоци. Кај Пик Сегед најпрецизни на овој натпревар беа Бомбач и Калман со по седум погодоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денеска ќе гори „Јане Сандански“, Вардар ја почнува завршната битка за Ф4
-
Французите предупредуваат: Чувајте се од Талески, тој е новиот Лазаров!
-
Потомците на Александар го освоија Алжир, Македонија е во четвртфиналето на Светското првенство (видео)
-
Познати осминафиналите парови на Европското првенство за жени во Чешка


