
Четврток ќе биде релативно студен ден во последната декада од март. Врнежи низ целата земја ќе има во текот на утрото, но претпладне врнежите полека ќе слабеат во источниот крај. Според прогнозата на Метеопро може да има појава на слаб дожд само во планинскиот крај на истокот.
На запад, врнежи ќе има во текот на целиот ден, но попладне тие ќе бидат послаби. На планините на висина над 1200 метри врнежите ќе преминуваат во снежни.
Долж повардарието ќе дува умерен северозападен ветер.
Минималната температура насекаде ќе биде позитивна и во границите помеѓу 1°С и 5°С.
Максималната температура ќе биде пониска во однос на среда. Таа ќе има вредност во границите од 9°С до 12°С во котлините од источниот и повардарскиот регион, а во котлините низ западот околу 7°С.
Во скопскиот крај очекуваме овлачно и ветровито време. Очекуваме врнежи наутро и претпладне. Попладне е можно да има појава на сосема слаб и краткотраен дожд. Минималната температура ќе има вредност околу 4°С, а максималната околу 8°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


