| четврток, 6 декември 2018 |

Оскаровката Хилари Свенк ќе се мажи

hilari-svenk

Двојната добитничка на Оскар, актерката Хилари Свенк се сврши со својот долгогодишен партнер, тенискиот тренер Рубенс Торес.

Хилари радосната вест ја сподели со своите следбеници на Инстаграм и Твитер.

– Заминав на планинарење и погледнете што се случи. Пресреќна сум што може да објавам дека мојот мил Рубен ја побара мојата рака – напиша 41-годишната актерка на Инстаграм. Потоа Хилари на својот профил на Твитер објави уште една фотографија од свршувачката.

– А потоа се случи ова – напишала Хилари покрај фотографијата на која се бакнува со својот свршеник.

Хилари и Рубен почнаа да се забавуваат минатото лето, а актерката зад себе има еден пропаднат брак со колегата Чад Лоу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top