Во недела на 27 март во градскиот парк во Скопје по прв пат ќе се одржи хуманитарна трка на еден километар по повод Светскиот ден на лица со Даунов синдром.
Целта на оваа спортска манифестација е да се подигне свеста за лицата со Даунов синдром, нивен еднаков пристап до спортот и спортските активности.
Трката е од отворен карактер и неа ќе учествуваат и деца со Даунов синдром и нивните семејства. Сите кои ќе сакаат да учествуваат во трката ќе треба да донираат 150 денари, додека учеството на трката за лицата и децата со Даунов синдром е бесплатно. Сумата која ќе биде собрана ќе се користи за обезбедување услови за тренирање со овие дечиња во текот на целата година, како обезбедување сала, реквизити, стручни лица за работа, организирање на семинари.
Сите деца со Даунов синдром по завршување на трката ќе бидат наградени со медали и пригодни подароци. За останатите натпреварувачи ќе бидат обезбедени награди по лотарија систем.
На овој спортски хепенинг после трчањето ќе има уште три спортски активности кои се од забавен карактер: мечување, кошарка и фудбал.
Настанот е во организација на Мечувачки клуб Ескрим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст