| четврток, 6 декември 2018 |

Филе преку „Твитер“: Препорачан датум за преговори за Србија

43269-file

Европската комисија денеска му препорача на Европскиот совет да одреди датум за почеток на преговорите за членство на Србија во Европската унија, објави еврокомесарот за проширување Штефан Филе преку својот профил на социјалната мрежа „Твитер“.

Европската комисија денеска му препорача на Европскиот совет да одреди датум за почеток на преговорите за членство на Србија во Европската унија, објави еврокомесарот за проширување Штефан Филе преку својот профил на социјалната мрежа „Твитер“.

Откако претпладнево српската Влада го прифати минатонеделниот договор од Брисел во рамки на дијалогот Белград-Приштина, Европската комисија пред почетокот на седницата на Советот за општи работи за проширувањето во Луксембург донесе одлука да препорача почеток на пристапните преговори со Белград.

Во исто време, Филе на социјалната мрежа објави дека Комисијата препорачала до Советот да почне процедурата за потпишување договор за стабилизација и асоцијација со Косово, што е прв чекор кон обезбедување статус на земја-кандидат за членство во ЕУ.

Околу пладне, министрите за надворешни рбаоти на земјите-членки на Унијата на состанокот на Советот ќе разговараат за извештаите на Еврокомисијата за Македонија, Србија и за Косово. Претходно, Комисијата препорача одредување датум за почеток на преговорите за членство и за Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top