| четврток, 6 декември 2018 |

Бездомништво во Македонија: Стотина се регистирани како бездомници, а многу повеќе се неевидентирани

Во Македонија околу сто лица се регистрирани како бездомници, но реалната бројка е веројатно многу поголема, вели Душан Томшиќ, претставник од секторот за социјална заштита при Министерстовото за труд и социјална политика.

Денеска во Скопје асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ ја презентираше својата анализа на бездомништво во Македонија и одржа еднодневна конференција во Скопје. На конференцијата учествуваа претставници од центрите за социјална работа, различни граѓански организации, Министерството за труд и социјална политика, психијатриски болници и шелтри кои ги дискутираа воедно причините за бездомништво, најефективните методи за негово детектирање и колкави се неговите размери за да претставува проблем во Македонија.

12141725_512175122304183_3045003035638153737_n

Дискусиите од конференцијата ќе бидат вклучени во финалниот политички документ за бездомништво во во Македонија.

– Околу 100 милиони луѓе низ светот се без дом и околу 1.6 билиони луѓе живеат во несоодветни услови. Не постои универзална политика или законодавно решение за бездомништвото. Решението треба да има повеќесекторски пристап за бездомништвото во одредени услови – изјави Џејмс Стејн, директор на мисијата на УСАИД во Македонија.

Како организација, „Паблик“ овозможува директен одговор на бездомништвото преку издавање и дистрибуирање на уличното списание „Лице в Лице“.

1557548_512177482303947_5662514846026562748_n

– Ние ја подржуваме и охрабруваме зголемената соработка меѓу граѓанските организации и институциите бидејќи граѓанскиот сектор е пресуден во процесот на разбирање на распространетоста на бездомништвото во Македонија и барањето адекватни решенија – велат од „Паблик.“

Томшиќ изврши анализа на најсоодветните форми за згрижување на лицата бездомници во Република Македонија и констатирано е дека како најсоодветен модел на згрижување би било социјалното домување, односно обезбедувањето на долгорочно домување со поддршка или понатаму само долгорочно домување, кое ќе им овозможи реинтеграција на овие лица во општеството. Оваа форма најповеќе одговора на карактеристиките на бездомните семејства во Република Македонија.

– Истражувањето што го спроведе “Паблик“, во суштина, создава основа за мерење на бездомништвото согласно европската ЕТХОС типологија што во иднина се надеваме дека ќе овозможи соодветен пристап кон заштита на правото на домување и создавање регулаторна и институционална основа за негово остварување. Во исто време искреиран е и инструмент за мерење на длабочината на овој феномен, а и методски пакет за работа со бездомни лица – вели Климентина Илијевски, извршен директор на „Паблик“.

Во 2005, ФЕАНТСА креираше ЕТХОС со цел подобро да се разбере и измери бездомништвото во Европа и да подготви заеднички „јазик’ за интернационални размени за бездомништвото. Главните цели на ФЕАНТСА беа креирање и промовирање подобро истражување на бездомништвото како и промовирање на развојот и имплементацијата на ефективни мерења за борба против бездомништвото на национално и европско ниво – ЕТХОС е неопходна и за двете цели.

Фрик Спинвејн, директор на ФЕАНТСА објасни дека пред се, бездомништвото е процес, а не ситуација која постои сама по себе.

– Тој процес м,оже да афектира многу ранливи домаќинства во различни фази од нивните животи, а ЕТХОС е првата типологија од овој вид која го евидентира тоа – вели тој.

Едно од клучните достигнувања на проектот е развивањето на методологија за мерење на бездомништвото (базирано на ЕТХОС – Европска типологија за бездомништво и исклучување од правото на домување) со цел да се монитoрираат и евалуираат постоечките политики за бездомништво во Македонија како и основање на првата дефиниција за бездомништво во земјава според ЕТХОС концептуалната рамка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top