Неверојатна вест во историја во фудбалот пласираат денеска поголемиот дел светски медиуми. Златан Ибрахимовиќ би требало да биде летна бомба, во вистинска смисла на зборот, ако се суди по понудата што ја доби за трансфер во клуб од Кина во финансиска висина од 75 милиони евра по сезона, само за плата. Ако се случи тоа, ќе биде без конкуренција највисоката плата во историјата на фудбалот.
Засега не се спомнува името на клубот, но извесно е дека во целата работа учествува лично претседателот на Кина и генералниот секретар на Комунистичката партија на оваа земја, Си Џинпинг. Се работи за еден од најмоќните луѓе во светот, а покрај тоа и голем фудбалски фанатик, чија идеја е да се донесе во Кина една од најголемите светски ѕвезди. Парите нема да бидат никаков проблем, а останува само уште Ибра да се согласи…
Кинескиот фудбал доживува огромна експанзија последниве години. Само во изминатиот зимски преоден рок тамошните клубови потрошија 350 милини евра на засилувања (само за отштета), а во Кина во моментов играат асови како Лавеци, Рамиреш, Жервињо, Џексон Мартинез, Алекс Тешеира… Сепак, вистинската бомба би бил Златан Ибрахимовиќ.
Покрај оваа последна понуда, не е тајна дека Ибрахимовиќ, кој ќе биде слободен играч од јуни, го посакуваат Манчестер јунајтед, Милан и Баерн Минхен, но се разбира за далеку пониски суми од оваа кинеската.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.