| четврток, 6 декември 2018 |

Тијана Дапчевиќ:ТЛЗП ми направи пекол од животот

тијана

Тијана Дапчевиќ збеснала кога продукцијата на шоуто „Твоето лице звучи познато“ ѝ  го откажала учевството неколку дена пред почетокот на емитувањето. Имено, Тијана потпишала договор со првите луѓе на „Емоушн“ и ги поместила сите обврски во наредните три месеци, за да може целосно да се посвети на тој ангажман. Тезгите и настапите, главната улога во една претстава, како и во една македонска ТВ-серија ги откажала, што е голема финансиска загуба за неа.

-Никому ништо не замерувам, но таа доза на непрофесионализам ме шокираше. Се организирав три месеци да бидам посветена на ТЛЗП, за да неколку дена пред почеток на емитувањето ми се јават и да ми кажат дека ќе имаат повеќе жени од мажи и дека нема да учествувам. Во договорот што го потпишав постои клаузула по која тие се заштитени и имаат право да го прекинат договорот кога сакаат, така што не можам да ги тужам. Ми направија пекол од животот. Сега кога гледам како изгледа шоуто, жал ми е што не сум дел од таа приказна – рекла Тијана, која, сепак, ќе игра во  македонската ТВ-серија, бидејќи продуцентите ја повикале кога слушнале дека е слободна. Главната улога ја добила благодарение на успешната претстава „Пукна срамота“, која беше хит во регионот.

Инаку, откако Славица Чуктераш се откажа од учеството во ТЛЗП, продуцентите ја повикале Тијана, но таа ги одбила токму поради веќе прифатениот ангажман во македонската ТВ-серија.

 

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top