Петмина се убиени, меѓу кои и напаѓачот во пукотница што се случила во станбен комплекс во близина на Сиетл, пренесува агенцијата „Асошиејтед прес“.
Престрелката била пријавена на бесплатниот телефон 911 во 21.30 часот по локално време. Кога пристигнала полицијата, на паркингот во зградата имало двајца ранети мажи, а во тие моменти напаѓачот почнал да пука и кон полициската патрола.
Полицајците возвратиле, по што тој бил убиен. Во претресот на комплексот, во еден од становите биле пронајдени уште четири мртви машки тела и убиена жена во друг апартман. Полицијата утврдува дали и таа е случајна жртва на престрелката или станува збор за друг случај.
Засега нема информации за причините за престрелката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


