| четврток, 6 декември 2018 |

Плинска боца доведе Антитерористичка екипа во Куманово

Силна есплозија синоќа ги вознемири кумановчани. Како што сооштуваат денеска од МВР, се работи за плинкса боца, која била во кујната над електричниот шпорет и експлодирала во стан сопственост на Б.Н. на ул. „Октомвриска Револуција“ во 18 часот.

Од експлозијата бил оштетен станот, но и околните станови. Нема повредени лица.

Од страна на ТТПЕ-Куманово пожарот е локализиран.

Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител, увидна екипа на СВР-Куманово и екипа на Антитероризам при МВР на РМ.

Материјалната штета дополнително ќе се утврдува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top