Катица Јанева и Зоран Заев со непризнавањето на институциите отворија пат за обезличување на државата од секого, а за тоа најрадосни се Атина и радикалните структури меѓу Албанците.
Откако Заев и Јанева ја оспорија државата и сите нејзини важни институции, аналитичарите и експертите прашуваат кој ќе ги спречи сега радикалните Албанци да го оспорат територијалниот интегритет на државата? Тоа што не им успеа со куп притисоци и закани на политичарите во Грција, им успеа на двајца лудаци. Во вакви околности, Грција може слободно да седи со скрстени раце и да ужива во нашето разнебитување.
Јанева вчера се самопромовираше во портпарол на обвинетиот Зоран Заев и како негов слеп послушник изјавувајќи дека не ги признава собранието, уставниот суд и институцијата претседател.
Ставот на обвинителката е скандалозен не само поради тоа што идентично се поистоветува со ставот на Заев кој во исто време ги негира Уставниот суд, претседателот и брои наводни фантомски гласови, туку и покажува срамна политичка пристрасност која не и ја дозволува функцијата која ја врши во моментот. Со ваквите испади Јанева, заедно со Заев станува извор на деструкцијата и фактор на продлабочување на кризата во државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст