Белгиецот Наџим Лахрауи (24) останува главниот осомничен за нападите што се случија вчера на аеродромот и метро-станицата во Брисел. Се верува дека тој стои зад терористичките напади во Париз минатата година во ноември. Полицијата се сомнева дека Лаахрауи, командант на Исламската држава, ги изработил бомбите што ги користеле бомбаш-самоубијците во терористичките напади во Париз на 13 ноември.
Сега тој е еден од најбараните луѓе во Европа. Тој успеа да ѝ побегне на полицијата, која трага по него. Лаахрауи се вратил од Сирија пред една година. Се претпостатува дека можеби е тој на фотографијата што ја објавија Белгијците на која се гледаат тројца мажи, за кои се нагаѓа дека се бомбашите од аеродромот во Брисел.
Безбедносните камери на аеродромот во Брисел „фатиле“ тројца мажи како туркаат количка за багаж во моментот пред нападот. Двајца од нив се идентификувани како браќата Ел Бакрауи кои се разнесоа при експолозијата на аеродромот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст