Двајцата бомбаш-самоубијци што ги изведоа нападите на бриселскиот аеродром се идентификувани како браќата Калид и Ибрахим Ел Бакрои, кои од порано ѝ биле познати на полицијата, јави белгиската РТБФ.
Белгиските власти и понатаму трагаат по третиот осомничен за вчерашните напади во Брисел, додека се верува дека двајца напаѓачи се разнеле за време на терористичкиот напад на бриселскиот аеродром „Завентем“.
Белгискиот државен обвинител соопшти дека третиот напаѓач е во бегство, оценувајќи дека сѐ уште е рано нападите да се поврзат со нападите во Париз во ноември лани.
За третиот напаѓач полицијата издаде потерница.
Во терористичките напади во Брисел според, официјални информации, загинале најмалку 31 лице, а 250 се ранети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.