Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска се самопромовираше во портпарол на обвинетиот Зоран Заев. Јанева слепо следејќи ги постапките и насоките на СДСМ и Заев, заборави дека е обвинителка, па во стил на гласноговорник на опозицијата изјави дека не ги признава собранието, уставниот суд и институцијата претседател.
-Сите институции се нелегитимни освен Специјалното обвинителство. Предметот Титаник покажа дека сите избори од 2011 се нелегитмни а со тоа нелегитимни се избраните институции како што е Уставниот суд, Собранието и Владата, затоа би му порачале на Уставниот суд да го почитува Специјалното обвинителство, изјави Јанева.
Ставот на обвинителката е скандалозен не само поради тоа што идентично се поистоветува со ставот на Заев кој во исто време ги негира Уставниот суд, претседателот и брои наводни фантомски гласови, туку и покажува срамна политичка пристрасност која не и ја дозволува функцијата која ја врши во моментот. Со ваквите испади Јанева, заедно со Заев станува извор на деструкцијата и фактор на продлабочување на кризата во државата.
Заев и Јанева покрај тоа што имаат исти ставови за непризнавање на институциите градени со децении, покажуваат дека имаат и исти карактерни особини, располагаат со ограничен потенцијал, оставаат сериозен простор за сомнеж дека се подложни на корупција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст