| четврток, 6 декември 2018 |

Изгледа едноставно, но има невообичаен услов: Светска ѕвезда нуди 365 илјади долари за оној што ќе живее во оваа куќа

Како ви звучи плата од 1.000 долари дневно, една година, но под услов да издржите во оваа куќа во Босна и Херцеговина?

87980_1c

Легендарниот Алис Купер дава 365.000 долари за оние што ќе издржат да живеат во оваа куќа една година без телефон, интернет, телевизија, радио и без контакти со другите луѓе. Куќата се наоѓа во Босна и Херцеговина во близина на Мркоњиќ Град.

Неговата објава им се допаднала на повеќе  од  100.000 луѓе и има повеќе од 26 илјади коментари. Додека едните тврдат дека неговиот услов за нив е остварување на соништата, другите се свесни колку е тешка оваа задача.

87980_2c

Другите наведуваат услов да имаат куче, книга, музика… набројувајќи без што сѐ не можат и што би им го олеснило престојот.

На „Фејсбук“ се огласил и Боро кој ја изградил оваа куќа и ја решил мистеријата како сето ова се случило.

-Му благодарам на Алис Купер за објавата. Јас ја изградив оваа куќа. Моето име е Борислав Јанковиќ Боро и живеев тука 30 години. Пред неколку години останав без струја, телефон и автомобилот. Ја користев водата од реката, што беше добро за мојата инспирација и концентрација. Од моето искуство знам дека можам да живеам само во контакт со  природата.

87980_capture-20160322-034129

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top