
Музичкиот настан се случуваше од 15 до 21 април во театарот „Аристон“ во Сан Ремо. Нашата Ања Ветерова настапи со темата Because You Loved Me од репертоарот на Селин Дион и беше придружувана од оркестар составен од 17 музичари, кои, се разбира, свиреа во живо. Уште на првата проба овие врвни музичари, кои се дел од големиот оркестар на „Сан Ремо“, беа воодушевени од Ања!
На фестивалот се натпреваруваа две групи солисти и инструменталисти, кои, пак беа поделени во три групи – Солисти А1 (од 8 до 10 години), каде што имаше пет деца, потоа А2 (11 и 12 години), каде што имаше осум деца и А3 (од 13 до 15 години), каде што имаше 10 деца, од кои 4 од Италија, 2 од Украина, и по едно од: Македонија, Романија, Казахстан и Малта. Истото беше и со инструменталистите, каде што настапија четири деца во две групи. Во секоја група имаше прво, второ и трето место, а за 23 деца солисти беше резервирано само едно гран-при.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


