По серијата терористички напади во Брисел, воздушниот простор во Белгија е затворен. Повеќе од 500 летови на бриселскиот аеродром се откажани или пренасочени.
Уште не се знае точниот број на летови што се пренасочени, но според податоците на одделни авиокомпании, засега летовите се пренасочуваат на германскиот аеродром во Дизелдорф, потоа Амстердам и други во регионот.
Јапонската авиокомпанија АНА го пренасочила летот Токио – Њујорк на Дизелдорф.
Компанијата „Делта ерлајнс“ и „Јунајтед ерлајнс“ соопшти дека ги преместиле своите летови од Брисел, а ирски „Рајанер“ ги откажал сите летови за Брисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


