| четврток, 6 декември 2018 |

Нападот во Брисел низ фотографии

Серија експолозии го потресе утринава аеродромот и метрото во Брисл, а Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот.

Во прашање е нов напад во срцето на Европа по смртоносните напади во Париз на 13 ноември во Париз.

Потврдено е дека бомбашот самоубиец ппредизвикал една од двете експолозии на аеродромот „Завентем“ околу осум часот, а еден час подоцна се слушнала експолозија во метрото, на станицата во близина на институциите на Европската унија.

Нападите се случија само неколку дена по апсењето на главниот осомничен за организација на нападите во Париз Салах Абдеслам.

Нападнатите метро станици „Малбек“ и „Шуман“ се во близина на таканаречениот европски кварт, во кој се наоѓаат институциите на ЕУ.

Европската комисија апелираше сите вработени да не излегуваат на улица, а сите состаноци за денеска се откажани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top