| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се осомничените: Двоецот Наим и Мохамед тргнале на се или ништо!

Наим Лакрауи (24) и Мохамед Абрини (31) се двајцата осомничени терористи за нападите во Брисел. Овој двоец осомничени терористи инаку блиски со ИСИС им е познат на истражителите уште од нападите на Париз во ноември, но за разлика од Абдеслам тие во последен момент успеале да ѝ побегнат на полицијата.

Една од теориите која кружи низ белгиските медиуми е дека двоецот се испаничил дека уапсениот Абдеслам ќе ја открие нивната тајна локација па тргнале  „на сѐ или ништо“. Меѓутоа, ништо официјално не е потврдено, па ни тоа дека опасниот двоец учествувал во експлозиите на аеродромот и во метрото во Брисел.

abrini1_1046106S0

Лакрауи е 24-годишен Сириец кој од земјата зафатена од војна побегнал во 2013 година и тоа под лажно име, Сутана Кајал. Унгарските власти забележаа дека дека човек под тоа име во септември минатата година поминал низ нивната земја во бегалскиот бран, а друштво на тој пат му правел Абдеслам. Токму белгиските истражни власти вчера објавија дека Лакрауи бил соучесник на нападите во Париз. Неговата ДНК е пронајдена на неколку експлозивни направи користени во нападите во ноември, но и во становите во предградитето на Брисел, каде што се криел Абдеслам.

Од друга страна, Мохамед Абрини е 30-годишник од мароканско потекло и тој е пријател на Абдеслам од детството. Неговото име дојде во жиѓата на јавноста кога два дена пред нападите на Париз на безбедносните камери беше снимен како влегува во „рено клио“, автомобил кој беше користен во нападот. Пред тоа бил снимен на југот на Франција во друштво на Абдеслам како купува сокови на бензинска пумпа.

Неговата улога во нападите во Париз останува нејасна со оглед на тоа дека неговите роднини рекоа дека Абрини таа кобна ноќ бил во Брисел. На полицијата ѝ е познат по стини кражби и растурање дрога, а неговите пријатели велат дека е радикализиран уште како малолетник. неговиот помал брат Сулејман (20) загинал во Сирија како припадник на ИСИС и тоа во дивизијата која ја водел Абделхамид Абауд, мозокот на операцијата во Париз.

Истражните органи не ја отфрлаат можноста дека и самиот Абрини патувал во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top