| четврток, 6 декември 2018 |

Терористите удрија во главните артерии на Брисел, градот е застанат

Новинарите кои разговараа со неколкумина луѓе кои се евакуирани по експлозијата на метро станицата Малбек велат дека се движеле по железницата низ тунелите до најблиската станица Шуман. ови е две станици на метрото се речиси поврзани. И двете се користат за пристап на главните згради на ЕУ институциите. поради тоа се појавија информации дека имало експлозија на станицата Шуман, но засега е потврдена само онаа за Малбек. Нема сомнение дека целите на терористите биле добро избрани. Удрија на главните артерии на брисел: на аеродромот и метро станицата. Градот е застанат. Аеродромот се наоѓа недалеку од седиштето на НАТО, а метро станицата Малбек има еден излез право во една од зградите на Европската комиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top