Претседателот на Комитетот за надворешни работи на руската Држвна дума Алексеј Пушков денеска реагирајќи на терористичките напади во Брисел, напиша на својот Твитер профил дека на Генералниот секретар на НАТО пред носот му ги убиваат луѓето, додека се бори против таканаречената руска закана..
-Додека Столтенберг се бори против т.н. руска закана и инсталира војска во Летонија пред носот му ги креваат луѓето во воздух!, напиша Пушков. Тоа беше првата официјална реакција од Москва за терористичките напади во Брисел. Пушков подоцна изрази сочувство на семејствата на загинатите. „Европа треба да сфати од каде доаѓа вистинската закана и да ги зсдружи силите со Русија, напиша Пушков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


