„Војната стигна во Европа“. Така аналитичарите ја оценуваат состојбата по експолозиите утринава во Брисел.
Францускиот премиер Мануел Валс вели дека Европа е во „воена состојба“ и дека терористичките закани постојано растат. Европските земји од утринава го подигнаа нивото на безбедност.
Власите во Франција, Холандија, Велика Британија и Германија реагираа на нападите во Брисел и го зголемија присуството на војската и полицијата на аеродромите и границите. Франција мобилизирала 1.600 полицајци и ги распореди на важните точки на границата.
– Тоа е неопходно за да ја одржиме будноста – изјави министерот за внатрешни работи Бернар Казнев.
Германската полиција соопшто дека ги зголеми безбедносните контроли на границите со Белгија, Франција, Холандија и Луксембург.
Британските власти потврдиле дека испратиле дополнителни полициски сили на „важнитте места“ во Велика Бртинаија, а засилена е безбедноста на поголемите аеродроми и железнички станици.
Во Холандија е закажан итен состанок поради нападите во Брисел, а се очекува и издавање на препораки да не се патува во Брисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст