| четврток, 6 декември 2018 |

Туск: Вџашен сум, но ЕУ ќе ѝ помогне на цела Европа против заканата од тероризам

epa05188816 European Council President Donald Tusk gives a statement to the press, during a meeting with Austrian Chancellor Werner Faymann (not pictured), in Vienna, Austria, 01 March 2016. Faymann and Tusk meet to discuss the Migrant situation in Europe. EPA/CHRISTIAN BRUNA

Претседателто на Европскиот совет, Доналд Туск денеска прв од високите претставници на Еворпската унија изрази жалење и сочувство до семејствата на жртвите на терористичките напади што утринава се случија во Брисел, при кои загинаа 23 лица, а 50 се ранети.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Туск во име на ЕУ вети дека Унијата ќе и помогне на својата земја-домаќин во справувањето со терористичката закана.

– Јас сум вџашен од бомбашките напади што утринава се случија на аеродромот „Завентем“ и во европската област во Брисел, што однесоа неколку невини животи, а беа ранети многу други. Упатувам искрени симпатии кон роднините и пријателите на жртвите. Овие напади одбележаа уште една нискост од страна на терористите во служба на омразата и насилството. Европските институции се сместени во Брисел благодарение на великодушноста на Владата на Белгија и нејзиниот народ. Европската унија ја враќа оваа солидарност сега и ќе ја исполни својата улога да им помогне на Брисел, Белгија и на Европа во целина против заканата од тероризам со која сите се соочуваме – истакна Туск во соопштението испратено до медиумите.

Утрово на националниот бриселски аеродром „Завентем“ одекнаа две експлозии при терористички напад на бомбаш-самоубиец, во кој според официјалните информации, животите ги загубија 13 лица , а 35 други се ранети.

Овој напад се случи во 8.00 часот, а еден час подоцна, бомба експлодира во воз на метро станицата Малбек во Брисел, во чијашто близина се наоѓаат европските институции и македонската Амбасада и Мисијата на Македонија при ЕУ, при што загинаа десет лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top