| четврток, 6 декември 2018 |

Пресврт: Марија Шарапова може да помине неказнето?!

sharapova

Марија Шарапова го шокираше светскиот тенис со објавата дека паднала на допинг-тест за време на Австралија опен, но последните информации велат дека Русинката би можела да мине неказнето. Имено, компанијата Гриндекс, која го произведува лекот милдронат, кој ја задржи забранетата супстанца мелдониум, тврди дека за целосно чистење на телото од оваа супстанца се потребни неколку месеци. Ова сигурно ќе биде олеснителна околност за Шарапова, која беше позитивна на допинг-тест во јануари, веднаш по стапувањето на сила на забраната за користење на овој лек од страна на спортисти.

– Дејството на мелдониумот трае четири до шест часа, но негова потполна елиминација од телото на лицето корисник може да трае и неколку месеци. Тоа зависи од неколку фактори, како дозите на земање на лекот, должината на траењето на лечењето, како и осетливоста на методите на тестирање – се вели во писмената изјава што Гриндекс ја доставил до „Ројтерс“.

Шарапова претходно изјави дека лекот милдронат го земала редовно подолго од една деценија, но станува збор за период во кој мелдониумот не важел за забранета супстанца.

Русинката е во исчекување на изрекување на казната, а по последните сознанија таа би можела да биде минимална, или пак Шарапова да мине неказнето поради фактот дека не минало доволно време за лекот целосно да исчезне од нејзиниот организам дури и доколку таа престанала да го зема во декември 2015.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top