| четврток, 6 декември 2018 |

Експолозиите во Брисел во близина на македонската амбасада и македонската мисија при ЕУ

Протипожарната единица на главниот град на Белгија ги потврди експлозиите што се случија утринава на аеродромот, како и на метростаницата на улицата Арт-Лоа, каде што се наоѓаат и македонската амбасада во Белгија и македонската Мисија при Европската унија, јави дописникот на МИА.

Бомбите на „Завентем“, според неофицијални информации, одекнале во подземната железничка станица под аеродромот, предизвикувајќи сериозна материјална штета на предниот дел на аеродромската зграда, кај влезот наспроти хотелот „Шератон“.

Очевидци на настанот изјавија дека неколку луѓе лежат повредени на тротоарот пред влезот на меѓународниот аеродром. Сите приоди и излезни патишта кон бриселскиот аеродром се затворени, а полицијата детално го претресува секој автомобил и сите сомнителни лица.

Според белгиската националната франкофонска телевизија РТБФ, евакуирани се сите лица и патници, а затворена е и железничката станица на „Завентем“.

Затворени се и аеродромите Антверпен, Остенд-Бриж и Кортрејк во фламанската провинција на Белгија, а не сообраќа ниту метрото во Брисел. Сите летови се пренасочуваат кон јужниот бриселски аеродром во гратчето Шарлроа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top