| четврток, 6 декември 2018 |

Силни експлозии во Брисел, има мртви и повредени

brisel bombi

По првата експлозија, е регистрирана уште една силна експлозија на бриселскиот аеродром. Според првичните информации неколку луѓе се повредени, а сите летови се откажани на неодредено време.

Во моментов, полицијата ги евакуира патниците и вработените на аеродромот.

За време на експлозијата на аеродромот бил и новинарот на „Скај њуз“, Алекс Роси.

  • Бев во фришопот и слушнав две многу силни експлозии. Почувствував како зградата се тресе. имаше многу прашина и дим. Тргнав кон местото од каде што се слушна експлозијаата, луѓето излегуваа надвор. Изгледаа зашеметено и шокирано. Тука сите мислат дека станува збор за терористички напад, но сѐ уште нема официјална потврда, вели Роси.

Белгиското радио известува за најмалку две жртви.

Целиот аеродром е блокиран, сите авиони кои се на пат за Брисел се пренасочуваат кон Антверпен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top