
Повеќе од 90 бомбаш-самоубијци се подготвуваат да извршат напади во најголемите градови во Европа, пишува во интерен извештај на француската полиција.
Во документот се наведува дека терористите напредуваат во техниките за шифрирање и правење експлозивни направи за да ги остварат своите цели.
Извештајот има 55 страни, а изработен е ексклузивно за Mинистерството за внатрешни работи на Франција. Во него увид имале новинари на „Њујорк тајмс“.
Во извештајот се наведуваат прецизни планови на џихадистите откриени по нападите во Париз, кои вклучуваат прецизно шифрирање, ангажирање на специјалисти за фалсификување документи и префрлување на експерти за составување експлозив од Сирија во Европа.
Бомбите што ги користат терористите се лесни за правење. Траги од истиот експлозив се најдени на секое место кое е нападнато во Париз. Користен е експлозив од типот ТАТП, кој може да се направи од материјали што се користат во секојдневниот живот, како што се ацетон или средства за белење алишта. Кога таквите состојки ќе се помешаат стануваат многу нестабилни, а тој што се занимава со тоа, знае што прави, се наведува во извештајот.
Исто така, се додава дека слабата контрола на границата им дозволува на терористите слободно да се шетаат ширум Европа без предизвикување на сомнеж, а од рака им оди и лошата комуникација на безбедносните служби на земјите од ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


