| четврток, 6 декември 2018 |

Сто милиони евра за опрема во здравството, исто толку за изградба и обнова на болници

Кога се зборува за здравството секогаш треба да се има сликата за тоа како беше порано и како е сега, истакна вчеравечер лидерот на владејачката партија додавајќи дека големите градежни инвестици ги има и во здравството.

Лидерот на владејачката партија, Никола Груевски, потенцира дека

-Преку континуираниот процес на реформи, инвестиции и подобрувања сликата започна да се менува. Се набави опрема во износ од 100 милиони евра, што на здравствените институции им донесе нов квалитет кој го ползуваат и самите пациенти. Исто толку пари се вложија во изградба и реконструкции на болници. Се започна со процес на обука на медицински персонал, а исто така се овозможи и проект рурален доктор и мобилни аптеки со што здравствената заштита се доближи до секој граѓанин дури и оние кој што се од најодалечените рурани средини –  Груевски на отчетот на ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот за здравство, Никола Тодоров информираше за текот на градежните работи во неколку градови.

-Изградбата на клиничката болница во Штип започна. Тоа е една од најголемите капитални инвестиции во здравството. Вкупна инвестиција од 56 милиони евра, ќе биде готова за две години. ПЕТ центарот е инвестиција вредна една милијарда денари. Градбата заврши, сите вработени беа на обука. До крајот на септември почнува со работа. Се гради и „Свети Еразмо“, инвестиција вредна 215 милиони денари, рече Тодоров.

Тој повтори дека досега над 100 милиони евра се вложени во опрема, а 15 милиони евра само во минативе две години.

-Инсталирани се 11 мамографи во повеќе градови. Набавката на нова опрема го намалува времето на чекање. Порано се чекаше над 10 месеци за зрачна терапија, сега нема листа. За интервентна кардиологија, до 2006-та се чекаше 8 месеци, а сега се дава веднаш на оној на кој му е потребна, заклучи Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top