На жените кои за иста работа добиваат помали плати од машките колеги, им се заканува ризик од анксиозност и депресија, објавија американски научници.
Наодите собрани на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк укажуваат дека овие разлики во платите можат кај жените да доведат до зголемување на ризикот за анксиозност и депресија.
Стручниот магазин „Соушл Сајнс енд Медисин“ пишува дека израмнувањето на платите за мажите и жените кои работат иста работа, резултира и со изедначување на ризикот од анксиозност и депресија кај двата пола.
Во истражувањата се користени податоци од околу 22.000 лица на возраст од 30 до 65 години.
Во просек, за секој долар кој мажот го заработува во САД, жената заработува по 79 центи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст