Денеска во близина на Лунапаркот, 150 ученици од пет средни училишта на Град Скопје (СУГС „Јосип Броз Тито, СУГС „Никола Карев“, СУГС „Орце Николов“, СУГС „Здравко Цветковски“ и СУГС „Георги Димитров“) ги чистеа отпадоците од јавните зелени површини.
Во соработка со Противпожарната бригада на Град Скопје и на ЈП „Паркови и зеленило“ се чистеше езерцето во вториот дел на Градкиот парк, со помош на чамец.
Штитениците на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“, пак, засадија цвеќиња и се вклучија во расчистувањето на зеленилото.
Оваа акција е во рамки на одбележувањето што го прави Градот Скопје на првиот ден на пролетта на манифестацијата „Денови на пролетта – денови на екологијата“.
Целта на оваа акција беше да се поттикне грижата за животната средина кај граѓаните на Скопје и да се даде пример како да се грижиме за средината во којашто живееме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст