Бродот во кој се криел ранетиот бомбаш до самиот крај на полициската акција бил изрешетан како „швајцарско сирење“, раскажувал сопственикот на бродот, Дејвид Хенебери, кој стана вистински херој на Бостон затоа што го пронајде бегалецот откако претходно успеа да ѝ побегне на полицијата.
Од последните мигови пред апсењето на Царнаев осамна и видеоснимка на која се гледа како полицајците внимателно пристапуваат во обид да го фатат жив и во страв да не носи на себе појас со експлозив. Специјалците најпрво фрлија во чамецот шок-бомба со која терористот беше зашеметен. Потоа беше испратен робот кој ја отстрани церадата, додека преговарачот на ФБИ го набљудувал од вториот кат на куќата. Му биле потребни 15-20 минути за да го убеди да се предаде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.