Вчера околу 09.30 часот во Скопје, при обид да го приведат А.А.(26), кој се бара за доиздржување казна затвор, полициски службеници физички биле нападнати од неколку лица.
Најпрво А.А. пружил отпор по што притрчале и лицата, А.А. (24), Р.Б. (19) и еден шеснаесетгодишник. Притоа Р.Б. со секира ги нападнал полициските службеници со намера да ги спречи да го приведат А.А.
Од нападот повредени се двајца полициски службеници. Истите биле префрлени во ГОБ „Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Сите лица се совладани и приведени и се преземаат мерки за целосно расчистување и за документирање на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст