| четврток, 6 декември 2018 |

Загина млад скопјанец, неговиот другар се бори за живот

Вчера, во 10.05 часот во Скопје на ул. „Александар Урдаревски“ во Бутел, автомобил „нисан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Б. (22) од Скопје, удрило во оградата на ТП „Винце комерц“.

На местото на настанот починал сопатникот Т.М. (23) од Скопје. Возачот К.Б. со екипа на Итна медицинска помош бил однесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top