| четврток, 6 декември 2018 |

Акција против Црвенковски

Фронтот за Македонија со нова акција против Бранко Црвенковски

slika12Скопје од утринава осамна со плакати од Фронтот за Македонија, на кои пишува „Фронт против Бранко Црвенковски, затоа што ја сакам Македонија“.

На овој начин група на граѓани сакаат да се спотистават на идејата на Црвековски насилно да дојде на власт.

Обединување на групата на граѓани се случи при блокадата на СДСМ за донесувањето на државниот буџет и тие и натаму спроведуваат акции со кои изразуваат несогалсување со политиката на лидерот на СДСМ.

 

slika4
Тие сметаат дека народот не може и не смее да биде заложник на политичките кариери на поединци и секој оној што ќе ќе обиде народот да го користи како инструмент за свои политички поени и да ги блокира државните пари ќе се соочи со револтот и со силата на народот.

Преку лепењето плакати оваа масовна група граѓани уште еднаш потсетуваат дека се против Црвенковски и неговите мрачни сценарија, бидејќи како што пишува на истите ја сакаат Македонија, но и не забораваат што тие како граѓани, но и државата поминала во времето кога тој бил на власт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top