Првиот настан наречен „Школа за готвење“ (Cooking school) oвој викенд се одржа во „Веро центар“.
Школата за готвење беше отворена во петокот од страна на гастро-шефот Влатко Огненовски, инаку, шеф на кујна во ресторанот „Форца“, кој одговараше и на прашањата на учесниците, посетителите и на случајните минувачи
Во текот на вториот ден, во саботата, своите гастрономски искуства и совети со учесниците ги сподели гастро-шефицата на Британската резиденција во Скопје, Маре Јаневска.
На третиот и последен ден на школата своите вештина и совети ги сподели шеф Дејан Христовски, кој на својата екипа, сочинета од шестмина гурмани желни за повеќе знаење и кулинарско искуство, кои се пријавија за овој ГАСТРО-КУРС, ѝ покажа како се приготвуваат неколку вкусни јадења.
Организатор на оваа школа за готвење е компанијата „Колор медија“, која ги издава најтиражните гастро-списанија „Испрати рецепт“, „Торти и колачи“, „Бабина кујна“ и „Хорно-готвач“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст