Изминативе 10 години збирно во Македонија како странски инвестиции се вложени 2,6 милијарди евра, информира вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, за време на отчетот за сработеното во изминатите години.
– Оваа влада носела два и пол пати повеќе инвестиции на годишно ниво од кога било претходно и тоа во услови на светска, економска и политичка криза – рече тој.
Странските инвестиции се важни, не само поради тоа што отвораат нови работни места, туку нѐ учат и на нови работи и на нови технологии. Важно е да ги привлечеме бидејќи тие знаења кои ќе ги стекнат вработените, ги пренесуваат и во домашните компании – рече Пешевски.
Информира дека има вкупно 49 гринфилд инвестиции кои се донесени, како и стотици помали.
– Плановите што самите компании ги имаат објавено покажуваат дека за наредните три години вкупно кај нив ќе бидат отворени уште толку нови работни места колку што веќе имаат вработени. Ќе се удвои бројот на вработени кај овие компании, а покрај тоа ќе се креираат уште најмалку толку работни места кај домашните компании кои соработуваат со нив. Тоа е ефектот што го баравме и еве постепено сега го гледаме. Жителите на Македонија можат да видат, ние само во последните две години имаме најавено инвестиции по цела територија. Водиме сметка за цела Македонија – рече Пешевски.
Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо на отчетот истакна дека само во зоните има 23 компании кои работат активно или ја реализираат својата инвестиција и оти таму во моментов имаат креирано 5.300 работни места.
– До крајот на годината нивниот план е да додадат уште дополнителни 1.800 работни места, што значи дека оваа бројка ќе биде 7.100 луѓе во зоните, само од оние компании кои во моментов се таму присутни. Но, во моментот кога овие компании ќе стигнат до оптималната вредност на нивните бизнис планови ќе бидат вкупно креирани над 16.500 работни места само од овие 23 компании – истакна Мизо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст