Четири лица се повредени, најверојатно, од струен удар додека вчера се возеле со чамец по реката Црн Дрим, информираат од МВР.
Несреќата се случила вчера во 18.45 часот во близина на струшкото село Ташмаруништа. Според полицијата, во чамецот се возеле десетина лица, на едно место од реката имало далновод и, според неофицијални информации, најверојатно во овој дел од водата имало струен круг, по што се случил немилиот настан. Повредените лица биле префрлени во Медицинскиот центар во Струга и се надвор од животна опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.