| четврток, 6 декември 2018 |

Нови 1.000 вработувања во рударската индустрија

rudnikХристијан Делев, заменик министерот за економија на Република Македонија, говореше за реформите во рударската индустрија, како и напредокот постигнат на ова поле.

-Минатата недела заврши електронската јавна аукција за концесија на Злетово и Тораница и компанија од Бугарија беше со највисока понуда. Процесот трае и во следната недела ќе има официјален концесионер. Понатаму уште една фаза откуп на стечајна маса што треба да ја објави стечајниот управител и ќе се премине кон правење план за рестартирање. Првата фаза ќе почне во јуни и за 3 месеци концесионерот ќе може да ги ангажира поголемиот дел од вработените во овие два рудници. Тоа е многу важно за овој крај бидејќи повеќе од 920 рудари очекуваат да се вратат на работа. Во текот на оваа година уште 2 рудници ќе почнат со градба, Казан Дол и најголемиот во југоисточна Европа, рудникот за злато и сребро на Еуромакс, која е околу 500 милиони евра во отворање на рудникот и очекуваме 1000 луѓе да бидат вработени. Ако досега во историјата на Македонија беа издадени 54 концесии, за овој период имаме издадени 217 концесии за експлоатација и ќе очекуваме да се отворат уште повеќе рудници,
истакна Деле

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top