| четврток, 6 декември 2018 |

Најниската плата во образованието порасната за 119, највисоката за 67 проценти

plataСпиро Ристовски, министерот за образование на Република Македонија, како дел од отчетот на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за реформите во образованието во земјата.

-Во рамки на образованието на два начини се трансформираше работниот однос во изминативе неколку години. Прво се трансформираше по законот за работни односи кој го сменивме пред 5-6 години и сега со втората тура кои беа со овој закон во последните 5-6 години 8000 лица кои работат во образованието во Република Македонија добија решенија за трајно вработување, а безмалку 3000 во последните 2 години. Тоа беше едно од нашите ветувања и обезбедивме поголема економска сигурност. Значајно е да повториме дека во образованието во последните 10 год години растеше и платата за 119% порасна најниската, а за 67% највисоката плата. Историски податоци за кои пред 2006 година можеше да се сонува, потенцираше Ристовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top