Рудниците за олово и цинк во Крива Паланка и Пробиштип ќе добијат нов инвеститор, што ќе значи работа за над 900 работници, најави претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.
-Кога некоја компанија ќе отиде во стечај и ликвидација доколку таа има средства или одредена вредност, тоа луѓето ќе треба да го сфатат како нов почеток. Овие два рудника отидоа во стечај , имаа претходно инвеститор концесионер уште од времето на СДСМ кој што овој извесен период работеше слабо. Луѓето беа многу разочарани , околу 900 рудари останаа без работа. Но додека јас бев во Владата ние тоа го гледавме како можност за нов почеток во смисла на изнаоѓање на нов инвеститор, нов концесионер , кој што ќе ги рестарира рудниците, ќе додаде нова инвестиција, да ги подобри условите во самиот рудник и ќе ги врати луѓето на работа и ќе ги заживее рудниците и ќе го продолжи нивниот век со новата инвестиција. Пред неколку дена заврши наддавањето , имаше јавна електронска лицитација на која конкурирале 5, 6 компании од различни држави во светот. И победник на таа лицитација е компанија од Бугарија која победи на лицитацијата. Сега следува тој жалбен период за на крај да следи одлуката на Владата. Оваа компанија планира да ги врати на работа сите 900 рудари постепено, како ќе се рестартира рудникот во наредните месеци, како ќе ја добе дозволата што ќе значи повторно вработување на 900 луѓе , 900 семјства повторно ќе добијат сигурност, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии