| четврток, 6 декември 2018 |

Однесувањето на СДСМ е деструктивно, тоа ќе им се удри од глава на 5 јуни

gruevski unija7

Ако требало да се проверат 10.000 луѓе, во смисла некои ги имало на еден список, во други ги нема, и треба да се провери што е реалноста. Зошто ги нема? Сега тие сакаат тоа да биде 100 илјади, 200 илјади… па може и 500 илјади да биде. Да се маткаме едно 3-4 недели со проверки, со одење по куќи, со сомнежи, како што тоа го правеа во последните недела две објавувајќи дека во оваа куќа се запишани 20 луѓе, во таа куќа 15, овде десет… и создавање на еден привид што ќе им обезбеди алиби, прво ако може пред изборите, пак да ги одложат, тоа е првата цел која се свесни дека нема да можат да ја остварат. Но, да си пробаат нели. И второ, ако веќе отидат на избори, да речат: знаете што се случуваше, видовте… 500 фантомски, 20 на една адреса…, рече Груевски во интервјуто за Сител и нагласи дека ваквиот однос на СДСМ ќе ги чини многу на претстојните избори на 5 јуни.

Ова ќе ги чини многу. Колку е поголема бројката на луѓето што ќе бидат проверувани толку поголем зијан ќе биде за нив. Затоа што тоа се чесни луѓе, кои чесно одговорно си гласаат согласно закон. И сега некој ќе им тропне на врата, ќе ги потпрашува, ќе ги распрашува кои сте што сте, гласавте, не гласавте…дајте пасош, дајте лична карта, сликата била ваква, таква… ќе ги збудалат луѓето и сето тоа ќе им се одрази со пад на нивниот рејтинг. Затоа што ги множат со нула. Затоа што ги сметаат најобичните луѓе што гласаат за некакви си фантомски гласачи. Јас одговорно ви тврдам дека фантомски гласачи во Македонија немало, нема и ќе нема. Целата оваа работа е една обична лакрдија на СДСМ со цел да создаде хаос, да создаде перцепсија дека нешто е матно и дека нивниот пораз не би бил пораз ако тоа не било матно. Тоа е целата битка. Битка за алиби. Битка за опрадување на поразот кој што следи на 5 јуни. Но тој ќе биде до толку поголем за онолку пати колку што тие сега ќе ја зголемуваат листата на таканаречени граѓани за проверка сомнителни, смета претседателот на ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top