| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: СДСМ е во тотален хаос и пред пораз

gruevski unija5Перцепцијата што се обидува СДСМ да ја создаде е исто толку хаотична колку што се и тие со самите нивни бројки. Едно време тргнаа со 30 илјади, па 100 илјади, па 500 илјади… Заете ние имавме 480.000 гласови. Значи сите наши гласови биле фантомски. Се што гласало за ВМРО ДПМНЕ во оваа држава, од прв до последен гласач, вели претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за Сител и додава:

И уште 20.000, сега не знаеме, кај биле тие фантомски? Кај нив ли биле, кај друг ли биле? Нели, кога станува збор за 500.000 фантомски гласачи. Значи тие се во тотален хаос. Тие се пред пораз. После толку напори, после толку валкани работи што ги направија. После такво ставање на располагање на некои други сили со цел да дојдат на власт. Тие сфаќаат дека немаат никаков успех. Дека се прочитани. Дека се разобличени. И дека ќе го имаат истиот пораз како што го имаа во 2014 година. Сега целата ситуација е како да си создадат некое алиби. Како да гооправдаат својот пораз и она што ги чека а тоа е создавање некаков привид меѓу граѓаните дека кој знае што се случува со списоците, вели Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top