| четврток, 6 декември 2018 |

Поради соучесниците на Абдеслам, Интерпол повикува на поголема претпазливост на границите

belgija terorizamДен по апсењата на Салах Абдеслам во белгиската престолнина Брисел, Интерпол во саботата ги советуваше своите 190 земји членки на зголемена претпазливост на границите и оцени дека соучесниците на клучниот осомничен за 13-ноемвриски терористички напади во Париз кога беа убиени 130 луѓе, би можеле да се обидат да побегнат.

„Интерпол советува зголемена претпазливост на граничните контроли, бидејќи апсењето на Салах Абдеслам би можело да поттикне некои од соучесниците да се обидат да побегнат низ Европа или на други места“, според соопштението на меѓународната полициска организација чие седиште е во француски Лион.

Дваесет ишестгодишниот Салах Абдеслам, кој е еден од главните осомничени за париските атентати, беше уапсен во петокот попладнето во доселеничкото бриселско предградие Моленбек, но другите осомничени и натаму успеваат да ѝ се сокријат на полицијата. „Важно е земјите да продолжат да соработуваат и да спроведуваат прецизни контроли“, инсистира Интерпол.

Интерпол ги повикува своите членки да ги користат базите на украдени и загубени документи (SLID Stolen and Lost Travel Documents), коишто содржат податоци за 250.000 ирачки и сириски загубени или украдени пасоши.

Во таа база на податоци е и сирискиот пасош пронајден во близина на стадионот „Стад де Франс“ веднаш по нападот, а била регистрирана во април 2014 година, потсетува Интерпол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top