| четврток, 6 декември 2018 |

Елена Ристеска не е веќе Ивановска

Елена Ристеска веќе подолго време е разделена со сопругот Бојан Ивановски. Низа чаршиски муабети се врзуваа за крајот на нивната љубов, а Елена изјави дека објаснувањето веќе го дала преку текстовите на нејзините песни, пишува „Вистина“.

Уште на првото појавување на информацијата во медиумите Бојан го смени својот брачен статус на „Фејсбук“. Од друга страна, Елена до пред неколку дена на „Фејсбук“ беше потпишана како Елена Ристеска Ивановска.

Сега таа го тргна презимето на Бојан и се потпиша како Елена Ленка Манекенка Ристеска.

Screenshot_1-50

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top