Синоќа во Скопје на 86-годишна возраст почина актерот Ацо Јовановски (1930 – 2016), бард на македонското глумиште, кој целиот свој работен век го помина во Драмскииот театар од Скопје.
Ацо Јовановски (роден на 31 декември 1930 во Скопје) е македонски филмски, театарски и телевизиски актер, еден од легендите на македонската драмска сцена. Тој е од првата генерација на дипломирани актери. Во неговата богата кариера има одиграно 10 до 12 врвни улоги, како во македонските така и во југословенските претстави, филмови. Филмската кариера ја започнува со улогата во првиот македонски филм „Фросина“ во 1952 година. Според неговите актерски остварувања може да се окарактеризира како актер кој успешно и подеднакво се снаоѓа во толкувањето улоги во комедии, историски драми и филмови со современа тематика. За нив има добиено многу награди: за животно дело, за ролји и еден орден за труд. Тој е единствениот македонски актер, кој заедно со Петре Прличко ја има добиено наградата „Славица“. • Театарски улоги: Долго патување во ноќта – Едмонд, Пепелашка – Принцот, Манде –Турчинот, Галеб – Третљов.
Јовановски има одиграно околу 40 филмски улоги: 1952 Фросина, 1955 Волчја ноќ, 1959 Виза на злото, 1961 Мирно лето, 1962 Крст Ракоч, 1965 Денови на искучение, 1967 Македонска крвава свадба, 1968 Планината на гневот, 1969 Време без војна главна, 1970 Цената на градот…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.